ВИКИ ГИ САКА СПОМЕНИЦИТЕ 2014 Фотографски натпревар на Википедија за културно наследство. Погледајте Тука за 2013, а тука за 2015 г.
Добре дојдовте на порталот на Ризницата посветен на натпреварот „Вики ги сака спомениците“!
„Вики ги сака спомениците“ (WLM) е јавен фотографски натпревар за споменици кои важат за културно наследство, кој го приредуваат ограноци и групи на Викимедија. Започна во 2010 г. во Холандија, а следната година се прошири на ниво на Европа. Вики ги сака спомениците 2012 и 2013 се одржаа на глобално ниво, во разни земји како Канада, Индија, ЈАР , Панама, Гана, Чиле, Русија, Филипините и САД.
„Вики ги сака спомениците“ се приредува на сојузен начин, што значи дека приредувањето зависи од доброволци од секоја земја. Месните екипи се обраќаат до културнозаштитни организации и установи. Потоа тие создаваат списоци на споменици на Википедија, општат со партнерите и покровителите, и ја поттикнуваат пошироката јавност да учествува. Доколку вашата земја не учествувала лани, можеби ќе сакате да започне годинава? Едноставно пишете ни на Commons talk:Wiki Loves Monuments 2014!