Ризница:Слика на годината/Правила
Jump to navigation
Jump to search
Слика на годината 2023
POTY 2023 || Вовед – Правила – Расправа – Преводи – Одбор – Помош || I круг Кандидати – Галерија || II круг Галерија || Исход
In other languages
Правила
Овие правила ги одредува одборот на „Слика на годината“ и не можат да се менуваат без негово одобрение. Ако имате прашања или предлози за измена, појдете на разговорната страница. |
Гласање
Кругови
- Натпреварот има два круга:
- I круг ги опфаќа сите слики прогласени за избрани во текот на таа година.
- II круг ги опфаќа најгласаните 30 (+α) слики од I круг.
- Најуспешната слика ќе биде прогласена за „Слика на годината“, а другите три ќе ги заземат останатите наградени места.
Датуми
I круг на POTY 2023
- од
- до
II круг на POTY 2023
- од
- до
Периоди на бета-проби
- Неколку дена ќе се одвива бета-испробување за да можеме да провериме дали скриптата за гласање работи успешно.
- Гласовите дадени во периодот на испробување — неколкуте дена пред официјалниот почеток — исто така ќе се важат. Комитетот ќе ги брои како гласови дадени во подоцнежниот период.
- Ако наидете на грешка во алатката за гласање, приајвете ја на MediaWiki talk:Gadget-EnhancedPOTY.js; други проблеми пријавувајте на Commons talk:Picture of the Year.
Подобност за гласање
- Корисниците мора да имаат сметка на било кој Викимедиин проект создадена пред или во годината за која се одржува натпреварот. На пример, за POTY 2023, сметката мора да ви биде доздадена пред 1 јануари 2024 UTC.
- Оваа корисничка сметка мора да има најмалку 75 видливи уредувања на било кој еден Викимедиин проект до крајот на годината за која се одржува натпреварот. На пример, за POTY 2023, мора да имате достигнато доволен број уредувања пред 1 јануари 2024 UTC. Поставена е автоматизирана алатка за проверка на подобноста на гласачите.
- Корисниците мора да гласаат со сметка што ги задоволува горенаведените услови на Ризницата или друг Викимедиин проект (за другите Викимедиини проекти, сметката мора да биде поврзата со Ризницата преку SUL).
- Белешки
- Се гласа само од една сметка, без оглед на тоа колку сметки има корисникот.
- Гласовите дадени од IP-адреси нема да се важат.
- Гласовите дадени од неподобни корисници/сметки и дуплираните гласови што ги кршат правилата ќе бидат поништени.
- Поради големиот обем на гласови, не сме во можност да прифатиме гласачи кои не ги задоволуваат условите определени од официјалната алатка за проверка на подобност.
- Може да ви се обратиме на страницата за разговор до една година по гласањето за да ви го соопштиме исходот и да ве поканиме да гласате следната година. Можете да се откажете од ова во секое време.
Правила за гласање
Во I круг — повеќе гласови — се гласа за неограничен број на слики (еден глас по слика).
Во финалниот II круг — три гласа — подобните корисници можат да гласаат за само 3 финалисти. Трите се бројат подеднакво, а за секој финалист може да се гласа само по еднаш. Не мора да ги дадете сите три гласа. Напомена: ако некој даде повеќе од три гласа, ќе се сметаат само трите најнови.
Слики
Подобност на сликите
- I круг
- Сите избрани слики од годината за која се одржува натпреварот.
- Финале
- Најуспешните 30 слики од I круг (по број на гласови) од било која категорија одат во конечниот круг — кога се бројат гласовите, категориите се небитни.
- Ако категоријата бр. 1 и бр. 2 немаат слики од најгласаните 30, тогаш најуспешните слики од секоја таква категорија ќе влезат во финалето за да се обезбеди разновидност.
Комитетот го задржува правото да дисквалификува или замени кандидати во исклучителни околности, но ова нема да го стори без претходна внимателна расправа.
Награди
-
Слика на годината
-
Второпласирана
-
Третопласирана
-
Финалисти
-
Категориски најуспешни