Ризница:Слика на годината/Помош
Оди на Поставете прашање |
Често поставувани прашања (ЧПП)
Кога ќе започне?
- I круг почнува на и завршува на
- II круг почнува на и завршува на
Кои слики се подобни за натпреварот?
Право на учество во I круг имаат сите слики прогласени за „избрани слики“ во текот на 2023 г. Најпопуларните од нив продолжуваат во II круг.
Дали ќе ми се важи гласот што го дадов за време на бета-пробата, ако сум подобен да гласам?
Да, доколку гласот е важечки (т.е. можеме да утврдиме за која слика сте гласале, сликата не е ставена во галеријата по грешка или со вандализам и не се јавила програмска грешка). Можете да ги погледате сите гласови што сте ги дале во вашите придонеси или пак на управувачницата „Мој POTY“ во горниот десен агол во галериска страница.
Дали можам да гласам по завршувањето на периодот на гласање?
Гласовите дадени по завршетокот на периодот на гласање нема да се бројат, а страниците за гласање се замрзнуваат. Гласањето вон периодот не се казнува со блок или друга административна постапка, туку едноставно не се важи.
Каде е помошта за алатката за гласање?
Ќе ја најдете на оваа страница. Во прелистувачот ќе мора да ви биде овозможен JavaScript за да работи алатката. Иако ќе се потрудиме да им помогнеме на заинтересираните да гласаат, не сме во можност да пружиме потемелна техничка поддршка поради обемот на гласови. Стиснете тука за напатствие како да го вклучите JavaScript на прелистувачот.
Контролорот „Мој POTY“ ми вели дека сум неподобен, но јас знам дека сум.
Во ваков случај можете да преземете неколку чекори.
- Најпрвин, внимавајте сметката на Ризницата да ви е приврзана за сметката на вашето матично вики.
- Стиснете на контролорот „Мој POTY“ во горниот десен агол на секоја галериска страница. Во откочникот што ќе се појави, стиснете на копчето „Провери пак“ во делот за подобност.
- Ако ова не работи, стиснете на копчето „Отстрани“ во „Мој POTY“ и превчитајте ја страницата.
- Ако и ова не работи, може да треба да ги избришете меѓускладот (кеш) и колачињата во прелистувачот. Ова се прави во нагодувањата (поставки) во прелистувачот. Побарајте во пребарувач или обратете се кај производителот за да дознаете како се чистат колачињата. Откако ќе ги избришете, системот може да ве одјави. „Мој POTY“ ќе го најдете на сите галериски страници ако во прелистувачот имате вклучено JavaScript.
Освежување на меѓускладот — Едноставни чекори |
---|
Кај највеќето прелистувачи на Windows и Linux:
Во Apple Safari:
Во Chrome за Mac:
Во Firefox за Mac:
|
Како можам да гласам рачно?
- Проверете дали сте подобни за гласање и дали сте најавени на Ризницата.
- На страницата „Слика на годината“ стиснете на Гласајте сега ».
- Стиснете на категорија.
- Стиснете ка копчето Инфо десно под сликата за која сакате да гласате.
- Стиснете на Список на гласови во малото отскочно прозорче.
- Стиснете на измени во делот „Гласови“
- Ставете го вашето корисничко име како другите корисници пред вас. На пример:
# [[User:Myusername|Myusername]]
- Стиснете на Објави промени.
Ако не го направите како што треба, ќе ви се појави порака што ќе ви каже како да гласате правилно.
Поради обемот на работа, не можеме да ви понудиме темелна техничка поддршка, но можете да погледате во поставките на вашиот прелистувач и менијата, или пак да побарате одговор на прашањето во пребарувач.
Дали ќе има исход од натпреварот пред да заврши кругот?
Не. Не сакаме исходот да ги подведе гласачите и да изврши уште поголемо влијание во полза на сликите ко имаат почетна предност. Сета гласачка статистика ќе биде објавена откако ќе заврши кругот. Самите можете да ги анализирате страниците со гласови за кандидатите на било кој начин, но ние сме изречно против објавување на исходот пред да заврши кругот.
Кој го приредува натпреварот?
Погледајте ја Страницата на Комисијата.
Поставете прашање
Ако имате прашање што не е одговорено погоре: