Commons:Први чекори/Подигање податотеки
Jump to navigation
Jump to search
Outdated translations are marked like this.
- Први чекори
- Совети и трикови
- Трети лица
Кога сакате да поставете некоја слика на Википедија или да ја подарите во нашата збирка, ќе треба да ја подигнете на нашава страница и да наведете извесни податоци за неа. Тоа се прави вака:
Помош пред да почнете
- Сликата што сакате да ја подигнете треба да ја имате на вашиот сметач.
- Потребна ви е сметка на Википедија или Ризницата за да можете да подигате.
Што сè можам да подигам?
Запознајте се со тоа какви подигања прифаќаме на Ризницата.
Сликите што ги подигате на Ризницата мора да бидат од образовен карактер и да имаат слободна лиценца.
- Прифаќаме слики што во целост сте ги создале самите. Примери »
- Прифаќаме слики создадени од други, под услов најзиниот праводржец е спремен да ја лиценцира (или веќе ја има лиценцирано) слободно.
- Не прифаќаме слики создадени или инспирирани од други без да имате изречна дозвола од нив (потврдена преку нашиот систем VRT)
- Не прифаќаме слики што не се слободно лиценцирани или јасно во јавна сопственост — највеќето слики на семрежјето не се слободно лиценцирани и набргу ќе бидат избришани од Ризницата.
- Ризницата не е складиште за ваши лични слики — ние не сме вдомувач како Facebook или Pinterest, и сите наши слики мора да имаат потенцијална образовна намена. Дознајте повеќе »
Подигање слика
За да подигате податотеки на Ризницата, послужете се со Помошникот за подигање.
- Како да почнете
- Појдете на Помошникот за подигање на Ризницата. Секогаш можете да дојдете до него преку врската „Подигни“ во страничникот лево.
- Послужете се со илустрацијата на првата страница за да проверите дали податотеката што ја подигате е прифатлива за Ризницата.
- Кога сте спремни да ја подигнете, стиснете на Next близу крајот на страницата.
- Стиснете на Select media files to share и најдете ја сликата што сакате да ја подигнете од вашиот сметач. Ова важи и за повеќе слики наеднаш.
- Лиценцирање на податотеката
- Стиснете на Continue и одберете ги ставките што се однесуваат на вашето подигање, како што ќе ви биде побарано. Кога ќе сте готови, стиснете на Next. Повеќе информации »
- Организирање и опишување на подигнатото
- Внесете наслов на сликата. Користет прост и описен јазик. Потоа внесете опис на сликата и датумот кога е создадена.
- Помогнете ни со организирањето на Ризницата ставајќи ѝ категории на податотеката. Кога ќе завршите, стиснете на Следно.
Откако ќе го направите ова, подигнатото ќе биде објавено.
Поврзано
Страници на Ризницата
Помош
Како да добиете помош
- Погледајте ги Често поставуваните прашања.
- Ако го ставите
{{helpme}}
на вашата разговорна страница, во најскоро време ќе ве посети доброволец! - Приклучете се на ИРЦ-каналот #wikimedia-commons за разговор во живо. Нови сте на ИРЦ? Стискете тука за веднаш да се поврзете!
- Појдете на Селската чешма.