Ризница:Вики го сака фолклорот 2022/Приредување
Jump to navigation
Jump to search
Отпочнување на „Вики го сака фолклорот“ на вашиот јазик
Без оглед на тоа дали натпреварот се приредува и во вашата земја, можете да ни помогнете да го направиме подостапен за повеќе луѓе низ светот преведувајќи ги помошникот за подигање, предлошките и страниците на вашиот јазик. Преглед на сето она што може да се преведе ќе најдете на:
Земја | Подружница/Организација | Страница за настанот | Приредувач |
---|
Приредување
Доколку одлучите да ја одржите „Вики го сака фолклорот“ во вашата земја или на уште потесно подрачје, ќе треба да ги проследите следниве чекори:
- Да имате или напишете јасни препораки за сликите. — Одредете на кои аспекти треба да се задржуваат фотографите.
- Да имате активна приредувачка екипа и да наведете одговорно лице за контакт, на пр. список на корисници што помагаат.
- Создајте главна страница за вашиот меснен натпревар на Ризницата (
Commons:Wiki Loves Folklore/..
), па потоа преведете ги разните предлошки и страници (погл. Commons:Wiki Loves Folklore 2022/Translations). Категоријата за вашата земја ќе биде создадена и спроведена од меѓународната екипа - За настани на самото место, поставете управувачница пред да почне настанот.
Во помошникот за подигање, од учесниците ќе се бара да ја посочат земјата во која е направена сликата. Членовите на Меѓународната екипа ќе ви дадат посебна врска за подигање од вашата земја, за учесниците да не мора самите да ја ставаат.