Ризница:Вики ја сака Земјата 2024

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Earth 2024 and the translation is 95% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Earth 2024 and have to be approved by a translation administrator.
Wiki Loves Earth

Shortcut: COM:WLE2024


Вики ја сака Земјата 2024

 

Земји-учеснички

 

Правила и ЧПП

 

Приредување

 

Победници

 

Контактирајте нè

 

Извештај

Земји-учеснички во 2024 г.
Добре дојдовте на „Вики ја сака Земјата 2024“!

Вики ја сака Земјата (WLE) е годишен меѓународен фотографски натпревар кој се одржува во мај и јули, а го приредуваат Викимедиините ограноци, групи и месни доброволци ширум светот. Учесниците прават слики од природното наследство и живописните предели во нивните земји и ги подигаат на Ризницата. Сите земји-учеснички одржуваат одделни натпревари приредени од месни екипи, така што роковите, правилата, наградите и сл. може по малку да се разликуваат.

Основната цел на натпреварот е да се создадат и соберат слики од природното наследство на земјите, како што се природните резервати, заштитените предели, националните паркови, особени градини и тн. Со ова се предвидува да се илустрираат статиите на бесплатната светска енциклопедија „Википедија“ и другите Викимедиини проекти.

Нагласокот не е само на места од државно значење, туку и на сите заштитени подрачја од регионално значење, како и најразлични видови природни места: шуми, паркови, градини, карпи, пештери и сето она што е заштитено како природно добро во вашата земја. Така, највеќето учесници ќе можат да најдат барем неколку места од вакво значење во блиската околина.

Годинава меѓународните победници ќе бидат од две категории — предели (вкл. поединечни дрва, ако се споменици на природата) и слики одблиску (животни, растенија, габи):

  • Во месни рамки има до 15 победници, притоа не повеќе од 10 од секоја категорија. Месните приредувачи може да решат да не ги двојат месните победници на категории и/или може да поднесат помалку слики (на пр. 10).
  • Меѓународното жири ќе избере до 20 фотографии, односно највеќе 10 од секоја категорија.
  • Во меѓународна конкуренција за најдобрите 20 влегуваат не повеќе од две фотографии по автор, бидејќи имаме за цел да внесеме разнообразие во победничките слики за да можеме да истакнеме повеќе споменици на природата од различни краишта и автори.


Привремен времеслед
  • 1 мај – 31 јули и датумите блиску до овие рамки соодветни за државни натпревари во одделните земји. Погледајте ги поединечните рамки за секоја земја;
  • Крај на август: рок за поднесоци, на пр. на Страницата со победници;
  • Септември-октобар: Процес на проценка;
  • Ноември: рок за меѓународниот исход.


Правила
  • Правилата за меѓународниот дел од натпреварот се објавени овде. Месните натпревари имаат свои правила, предлагања, рокови итн.


Награди
  • Победниците ќе добијат вредносни купони за Амазон и други семрежни продавници; вредноста зависи од освоеното место;
  • Месните екипи може да доделуваат награди за победниците во државните кругови.


Подигнати слики


WLE Resources Center


Како да учествувате


Официјален портал


Во печатот

Напомена: Натпреварот во најголема мера го приредуваат доброволци, и приредувачите го задржуваат правот ода ги менуваат овие правила modify или да го откажат натпреварот по нивно сопствено наоѓање, дури и по неговото отпочнување. Приредувачите не прифаќаат никаква одговорност за прибавката на награди од покровителите, ниту пак било каков правен товар поврзан со овој натпревар. Ниту правилата, ниту било што друго на овие страници не сочинува понуда за стапување во правно обврзувачки однос со било кој од приредувачите. Членовите на жирито немаат право да бидат наградувани (макар што се добредојдени да учествуваат со свои слики).