Commons:Wiki Science Competition 2023 in Macedonia

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search

Погледнете ги најдобро оценетите слики на Натпреварот за научна фотографија, поделени според категорија!

Натпреварот за научна фотографија е меѓународен натпревар за фотографија организиран од Викимедија, на кој учесниците мора да создадат слики поврзани со науката и да ги постават на Ризницата (Wikimedia Commons) под слободна лиценца. Невозможно е да се замисли нашата култура без наука. И во визуелниот свет во кој живееме, не е доволно да се зборува за наука: потребно е да се визуелизира. Затоа го организираме овој натпревар, за да го промовираме создавањето и, пред се, слободната размена на сите видови слики поврзани со науката.

Натпреварот првпат беше организиран во Естонија во 2011 година, а во 2015 година беше проширен на цела Европа. Таа година беа добиени 9.793 слики со бесплатна лиценца од повеќе од 2.200 различни учесници. Во 2017 година натпреварот беше проширен на целиот свет и беа добиени 9.575 слики благодарение на учеството на повеќе од 1.928 луѓе.

Во Македонија, досега било организирано едно издание во 2015 година, под насловот „Европски натпревар за научна фотографија 2015“.

Во 2021 година, го организиравме првото македонско издание под овој наслов.

За да учествувате, мора да имате сметка на Викимедија, или од Википедија, Заедничката ризница или други проекти од Фондацијата Викимедија. Ако немате корисничка сметка, можете бесплатно да ја создадете на следното копче:

Создадете ја вашата сметка овде!

Ако веќе имате корисничка сметка, можете да се натпреварувате користејќи го ова копче:

 Учествувај!

External links[edit]