Ризница:Википроект Бродови

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:WikiProject Ships and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:WikiProject Ships and have to be approved by a translation administrator.

Википроект „Бродови“

Shortcuts

Добре дојдовте на Википроектот „Бродови“место за соработка помеѓу уредниците со цел да се подобри на опфатеноста на бродовите на Ризницата. Ако сакате да ни се приклучите, додајте си го името во списокот на членови! И не заборавајте да ни се приклучите во разговорот!

Цели
  • Да се обезбедат слободно лиценцирани содржини од областа на поморството за употреба во сите Викимедиини проекти.
  • Подобрување на опфатот на Ризницата со создавање, проширување и одржување на содржини од областа на поморството.
  • Создавање на напатствија и препораки за содржини поврзани со бродови, како и обезбедување на централно место за разговори.
Делокруг
Се смета дека во делокругот на проектот се било какви содржини поврзана со бродови и пловила.

Соопштенија и отворени задачи

Проектно обележје

Секоја разговорна страница на податотека во делокругот на проектот треба да има предлошка {{WikiProject Ships}} (но не со subst:). Иако предлошката не бара никакви посебни додавки, има низа изборни параметри со кои ѝ се дополнуваат можностите. Целосна синтакса и упатство за употреба ќе најдете во предложната документација.

Слики од нераспознаени пловила

Напати корисниците подигаат слики без соодветен опис или категоризација — претежно бидејќи не знаат што точно е претставено на фотографијата, како да стават категории или просто забораваат да стават добар опис. Во делокругот на проектот спаѓаат извесни службени категории каде се собираат ваквите податотеки. Ги покануваме корисниците да означуваат податотеки со вакви категории, ако наидат на слики што прикажуваат нераспознаени пловила. Секако, корисниците се уште подобредојдени повремено да ги прелистуваат тие категории за да видат дали можат да им стават соодветни категории и описи на таквите податотеки.

Категориски родослов