Ризница:Слика на годината/Правила

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Picture of the Year/Rules and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Picture of the Year/Rules and have to be approved by a translation administrator.
weAreWorking
POTY 2023 || ВоведПравилаРасправаПреводиОдборПомош || I круг КандидатиГалерија || II круг Галерија || Исход

Правила

Гласање

Кругови

  • Натпреварот има два круга:
    • I круг ги опфаќа сите слики прогласени за избрани во текот на таа година.
    • II круг ги опфаќа најгласаните 30 () слики од I круг.
  • Најуспешната слика ќе биде прогласена за „Слика на годината“, а другите три ќе ги заземат останатите наградени места.

Датуми

I круг на POTY 2023

од
до

II круг на POTY 2023

од
до

Периоди на бета-проби

  • Неколку дена ќе се одвива бета-испробување за да можеме да провериме дали скриптата за гласање работи успешно.
  • Гласовите дадени во периодот на испробување — неколкуте дена пред официјалниот почеток — исто така ќе се важат. Комитетот ќе ги брои како гласови дадени во подоцнежниот период.
  • Ако наидете на грешка во алатката за гласање, приајвете ја на MediaWiki talk:Gadget-EnhancedPOTY.js; други проблеми пријавувајте на Commons talk:Picture of the Year.

Подобност за гласање

  1. Корисниците мора да имаат сметка на било кој Викимедиин проект создадена пред или во годината за која се одржува натпреварот. На пример, за POTY 2023, сметката мора да ви биде доздадена пред 1 јануари 2024 UTC.
  2. Оваа корисничка сметка мора да има најмалку 75 видливи уредувања на било кој еден Викимедиин проект до крајот на годината за која се одржува натпреварот. На пример, за POTY 2023, мора да имате достигнато доволен број уредувања пред 1 јануари 2024 UTC. Поставена е автоматизирана алатка за проверка на подобноста на гласачите.
  3. Корисниците мора да гласаат со сметка што ги задоволува горенаведените услови на Ризницата или друг Викимедиин проект (за другите Викимедиини проекти, сметката мора да биде поврзата со Ризницата преку SUL).
Белешки
  • Се гласа само од една сметка, без оглед на тоа колку сметки има корисникот.
  • Гласовите дадени од IP-адреси нема да се важат.
  • Гласовите дадени од неподобни корисници/сметки и дуплираните гласови што ги кршат правилата ќе бидат поништени.
  • Поради големиот обем на гласови, не сме во можност да прифатиме гласачи кои не ги задоволуваат условите определени од официјалната алатка за проверка на подобност.
  • Може да ви се обратиме на страницата за разговор до една година по гласањето за да ви го соопштиме исходот и да ве поканиме да гласате следната година. Можете да се откажете од ова во секое време.

Правила за гласање

Во I круг — повеќе гласови — се гласа за неограничен број на слики (еден глас по слика).

Во финалниот II круг — три гласа — подобните корисници можат да гласаат за само 3 финалисти. Трите се бројат подеднакво, а за секој финалист може да се гласа само по еднаш. Не мора да ги дадете сите три гласа. Напомена: ако некој даде повеќе од три гласа, ќе се сметаат само трите најнови.

Слики

Подобност на сликите

I круг
  • Сите избрани слики од годината за која се одржува натпреварот.
Финале
  • Најуспешните 30 слики од I круг (по број на гласови) од било која категорија одат во конечниот круг — кога се бројат гласовите, категориите се небитни.
  • Ако категоријата бр. 1 и бр. 2 немаат слики од најгласаните 30, тогаш најуспешните слики од секоја таква категорија ќе влезат во финалето за да се обезбеди разновидност.

Комитетот го задржува правото да дисквалификува или замени кандидати во исклучителни околности, но ова нема да го стори без претходна внимателна расправа.

Награди