Commons:Европски натпревар за научна фотографија 2015/Правила и награди

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:European Science Photo Competition 2015/Rules and prizes and the translation is 53% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:European Science Photo Competition 2015/Rules and prizes and have to be approved by a translation administrator.
Outdated translations are marked like this.

Правила

Ваквите слики се наполно соодветни за Европскиот натпревар за научна фотографија. Ќе се натпреваруваат во категоријата „нефотографски содржини“.
  • Европскиот натпревар за научна фотографија 2015 во Македонија се одржува во ноември и декември. Се признаваат само слики подигнати во текот на тој месец. Исклучок од ова би било доколку месниот натпревар се одвива во друга временска рамка.
  • Секој учесник мора да ја регистрира својата е-пошта во нагодувањата на Ризницата (Commons), за да имаме начин да го контактираме. Внесете ја најдолу, во „Нагодувања за е-пошта.“
  • Една научна фотографија подразбира добар конкретен опис. Секоја слика треба да има опис барем на англиски. Треба да стои што е претставено на сликата, кога и како е направена и што е важното што треба да се запази на неа. Пример.
  • Право на учество има секој, освен членовите на жирито. Бројот на слики по учесник е неограничен.
  • Подигачот мора да биде автор на сликата. Можете да учествувате само со слики што вие сте ги направиле или каде вие сте еден од авторите. Во вториот случај, ќе мора да ги наведете сите автори.
  • Сликите мора да се подигнат под слободна лиценца, и тоа една од следниве: CC-BY-SA 4.0, CC-BY 4.0 и CC0 1.0.
  • Бидејќи ова е фотографски натпревар, очекуваме сликите да бидат со добар квалитет и големина. Секоја слика треба да има барем 2 мегапиксела, а подобро е и уште повеќе. Доколку сликите се мали, тогаш едно решение би било да се претстават како колаж (пример).

Натпреварот не е ограничен само на класични фотографии. Прифаќаме прикази направени со сметачка графика и свесни сме дека не можеме да повлечеме јасна граница помеѓу категориите.

Ќе можете да учествувате и со повеќе слики како предметна целина и ќе се важат како еден поднесок за било која награда, вклучувајќи ја Големата награда. Една целина може да има најмалку 2, а највеќе 10 врзани слики.

Претпочитани формати се .jpg за слики, .ogg за видеоснимки и .png за сметачка графика.

Накусо: како учесник, ќе треба да знаете само кои слики сакате да ги поднесете и што е прикажано на нив. Едноставно појдете на вашата месна страница за подигање и проследете ги напатствијата.

Награди

Македонски дел

Наградите во македонскиот дел од натпреварот се следниве:

  • I награда — 400 евра во денарска противвредност
  • II награда — 300 евра во денарска противвредност
  • III награда — 200 евра во денарска противвредност
  • IV награда — 100 евра во денарска противвредност

Меѓународен дел

На меѓународниот натпревар на европско ниво ќе учествуваат победниците од месните натпревари во секоја земја. Ќе има неколку посебни награди од разни категории со цел да привлечеме вниманието на поширок опсег на научноистражувачка работа и да го поттикнеме учеството на разновидни содржини на Википедија. Самите награди ќе ги соопштиме по преговорите со покровителите.

Покровители

Покровител на натпреварот е Естонскиот научноистражувачки совет.