Ризница:Вики го сака фолклорот 2021/Правила

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Folklore 2021/Rules and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Folklore 2021/Rules and have to be approved by a translation administrator.

Вики го сака фолклорот на мрежно место Вики го сака фолклорот на Фејсбук {{{Threads}}} Вики го сака фолклорот на Твитер Вики го сака фолклорот на Инстаграм Вики го сака фолклорот на Телеграм Вики го сака фолклорот на Јутјуб Вики го сака фолклорот преку поштенски список


Добре дојдовте на „Вики го сака фолклорот“!

Правила

  1. Правило 1: Авторите кои ги подигнаат сликите треба да ги имаат авторските права на нив.
  2. Правило 2: Сликите мора да се подигнат во рамките на определениот временски период од 1 до 28 февруари. Можете да поднесете слики и снимки направени било кога, па дури и историски фотографии (под услов да се праводршци на тие фотографии), но тие мора да се подигнат во текот на натпреварот.
  3. Правило 3: Сите поднесоци треба да се под слободна лиценца, или да се предадени во јавна сопственост. Претпочитаната лиценца во помошникот за подигање е Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 4.0 Меѓународна (CC BY-SA 4.0).
  4. Правило 4: Сите подобни слики треба да имаат ознака. Ова се прави со означување на сликата со {{Wiki Loves Folklore 2021}}. Таа автоматски се додава кога го користите синото копче со посебна врска за подигање на главната страница на натпреварот.
  5. Правило 5: Подобни се сликите кои се на било кој начин поврзани со наведените категории.
  6. Правило 6: Учесниците мора да овозможат е-пошта на Ризницата за да можат да бидат известени ако освојат награда.

Напомена за видеа

Добредојдени се други податотеки како видео или аудио снимки. За видеа, подигајте податотеки во следниве формати: .ogg .ogv .webm

  • Поради сложеноста на правата на интелектуална сопственост, Ризницата не прифаќа видеосодржини во други формати. Ако сакате да дознате како да претворите некоја снимка во потревбниот формат, погледајте ја оваа страница. Се препорачува видеоснимките да се подигаат една по една.
  • Имајте предвид: Сликите што се подигаат на Ризницата мора да бидат во нејзиниот делокруг. Оние кои отстапуваат од него ќе бидат избришани без напомена. Прекршувањето на авторски права и вандализмот се големи престапи, и за нив може да следува блок. Би ве замолиле да ја прочитате страницата ЧПП за повеќе корисни информации за натпреваров.

Неподобност

  • Фотографии веќе присутни на Ризницата (т.е. не се дозволува преподигање).
  • Бидејќи сликите ќе стојат на Ризницата, сите поднесоци мора да бидат во нејзиниот делокруг. Сите што отстапуваат од ова ќе бидат исфрлени од натпреварот, а можеби и избришани без напомена.
  • Слики со жигови, времиња/датуми и приписи на самата слика. Не се прифаќаат слики со било какви ликовни измени кои укажуваат на подигачот.
  • Порнографските слики и видеа не се прифатливи.

Критериуми во оценувањето

Оценувањето ќе го врши меѓународна жири-комисија од Википедијанци од, професионални фотографи и предметни стручњаци согласно законитостите на фотографијата и стандардите на заедницата.

  • Добрата фотографија раскажува.
  • Добрата слика ги изостава сите непотребни нешта кои го оодвлекуваат вниманието од главниот елемент, така што тој останува сосредоточен.
  • Потенцијална полезност и нечелна вредност на сликата (вклучувајќи ја лиценцата) за Викимедиините проекти.
  • Технички квалитет — се земаат предвид параметри на сликата како жариштето (сосредоточеноста), осветлувањето, заситеноста, ISO и тн.

Жирито ќе ги оценува поединечните поднесоци согласно следниве критериуми:

  • Технички квалитет
  • Оригиналност
  • Потенцијална полезност и нечелна вредност на сликата (вклучувајќи ја лиценцата) за Викимедиините проекти.

Извор на овој текст: Commons:Wiki Loves Uniformed services (India)/Rules and regulations