Ризница:Вики го сака фолклорот 2020/Правила

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Wiki Loves Folklore 2020/Rules and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Wiki Loves Folklore 2020/Rules and have to be approved by a translation administrator.

„Вики ја сака љубовта“ на мрежно место „Вики ја сака љубовта“ на Facebook {{{Threads}}} „Вики ја сака љубовта“ на Twitter „Вики ја сака љубовта“ на Instagram „Вики ја сака љубовта“ на Telegram „Вики ја сака љубовта“ на YouTube „Вики ја сака љубовта“ преку поштенски список


Добре дојдовте на „Вики го сака фолклорот“!
(Издание на „Вики ја сака љубовта“ за 2020 г.)

Правила

  1. Правило 1: Авторите кои ги подигаат сликите треба да се праводршците на истите.
  2. Правило 2: Сликите мора да се подигнат во укажаниот временски период од 1 до 28 февруари. Можете да подигате слики направени било кога, па дури и историски фотографии (# под услов вие да сте нивните праводршци), но тие мора да се подигнат додека трае натпреварот.
  3. Правило 3: Сите подигања треба да се под слободна лиценца, или пак да се предадени во јавна сопственост. Претпочитаната лиценца која ја користи помошникот е Криејтив комонс Наведи извор - Сподели под исти услови 4.0 Меѓународна (CC BY-SA 4.0).
  4. Правило 4: Сите подобни слики треба да имаат ознака. Ова се прави со додавање на {{Wiki Loves Love 2020}} кон сликата. Оваа ознака се додава автоматски кога ќе стиснете на синото копче за подигање на главната страница на натпревафрот.
  5. Правило 5: Подобни се сликите кои се на некаков начин поврзани со наведените категории.
  6. Правило 6: Учесниците мора да имаат овозможено е-пошта на Ризницата за да бидат контактирани ако освојат награда.

Напомена за видеа

Добредојдени се други податотеки како видео или аудио снимки. За видеа, подигајте податотеки во следниве формати: .ogg .ogv .webm

  • Поради сложеноста на правата на интелектуална сопственост, Ризницата не прифаќа видеосодржини во други формати. Ако сакате да дознате како да претворите некоја снимка во потревбниот формат, погледајте ја оваа страница. Се препорачува видеоснимките да се подигаат една по една.
  • Имајте предвид: Сликите што се подигаат на Ризницата мора да бидат во нејзиниот делокруг. Оние кои отстапуваат од него ќе бидат избришани без напомена. Прекршувањето на авторски права и вандализмот се големи престапи, и за нив може да следува блок. Би ве замолиле да ја прочитате страницата ЧПП за повеќе корисни информации за натпреваров.

Неподобност

  • Фотографии веќе присутни на Ризницата (т.е. не се дозволува преподигање).
  • Бидејќи сликите ќе стојат на Ризницата, сите поднесоци мора да бидат во нејзиниот делокруг. Сите што отстапуваат од ова ќе бидат исфрлени од натпреварот, а можеби и избришани без напомена.
  • Слики со жигови, времиња/датуми и приписи на самата слика. Не се прифаќаат слики со било какви ликовни измени кои укажуваат на подигачот.
  • Порнографските слики и видеа не се прифатливи.

Критериуми во оценувањето

Оценувањето ќе го врши меѓународна жири-комисија од Википедијанци од, професионални фотографи и предметни стручњаци согласно законитостите на фотографијата и стандардите на заедницата.

  • Добрата фотографија раскажува.
  • Добрата слика ги изостава сите непотребни нешта кои го оодвлекуваат вниманието од главниот елемент, така што тој останува сосредоточен.
  • Потенцијална полезност и нечелна вредност на сликата (вклучувајќи ја лиценцата) за Викимедиините проекти.
  • Технички квалитет — се земаат предвид параметри на сликата како жариштето (сосредоточеноста), осветлувањето, заситеноста, ISO и тн.

Жирито ќе ги оценува поединечните поднесоци согласно следниве критериуми:

  • Технички квалитет
  • Оригиналност
  • Потенцијална полезност и нечелна вредност на сликата (вклучувајќи ја лиценцата) за Викимедиините проекти.

Извор на овој текст: Commons:Wiki Loves Uniformed services (India)/Rules and regulations