Ризница:Википроект Воздухопловство
This is WikiProject Воздухопловство, a WikiProject for focused collaboration among users on the topic of Воздухопловство. Follow us on Twitter |
Добре дојдовте на Википроектот „Воздухопловство“ — место за соработка помеѓу уредниците со цел да се подобри на опфатеноста на бродовите на Ризницата. Ако сакате да ни се приклучите, додајте си го името во списокот на членови! И не заборавајте да ни се приклучите во разговорот!
- Цели
- Да се обезбедат слободно лиценцирани содржини од областа на воздухопловството за употреба во сите Викимедиини проекти.
- Подобрување на опфатот на Ризницата со создавање, проширување и одржување на содржини од областа на воздухопловството.
- Создавање на напатствија и препораки за содржини поврзани со воздухопловството, како и обезбедување на централно место за разговори.
- Делокруг
- Се смета дека во делокругот на проектот се било какви содржини поврзана со воздухопловството.
- Составници
- Проектот внатрешно разработи неколку составни делови со цел да помогне во раководството со нашите опширни задачи:
- Досег
- Одделението за досег има улога на средиште за досежната работа на членовите, каде спаѓа и набавката на содржини од фотографи и други места, придобивањето на фотографи, обележја за добредојде и други сродни потфати.
Соопштенија и отворени задачи
Слики од нераспознаени летала
Напати корисниците подигаат слики без соодветен опис или категоризација — претежно бидејќи не знаат што точно е претставено на фотографијата, како да стават категории или просто забораваат да стават добар опис. Во делокругот на проектот спаѓаат извесни службени категории каде се собираат ваквите податотеки. Ги покануваме корисниците да означуваат податотеки со вакви категории, ако наидат на слики што прикажуваат нераспознаени пловила. Секако, корисниците се уште подобредојдени повремено да ги прелистуваат тие категории за да видат дали можат да им стават соодветни категории и описи на таквите податотеки.
Извори на слободни слики и снимки од воздухопловството
Следат извори на слики или снимки поврзани со воздухопловството кои се во јавна сопственост или под слободна лиценца и можат да се подигнат на Ризницата. Обратете особено внимание на неопходните предлошки или авторскоправни напомени, и осигурајте се дека она што го подигате не прави прекршок на правата.
- Category:Aviation photographs by photographer — фотографите во оваа категорија објавиле извесни дела под разни лиценци. Обратете особено внимание на врските во предлошките на поединечните фотографи, каде стои за што сè е дадена изречна дозвола.
- Пребарајте го Flickr за да најдете слики под лиценцата cc-by-2.0 или cc-by-sa-2.0. Прочитајте ја страницата Commons:Flickr files за повеќе напатствија и подигајте со една од таму опишаните алатки. Имајте го предвид проблемот со перење лиценци.
- defenseimagery.mil — големо складиште на слики направени од воените сили на САД (и кои се во јавна сопственост во САД). Погледајте ја оваа страница за напатствија за употреба на слики од Министерството за одбрана на САД. Имајте на ум дека некои уредници се сомневаат во статусот на сликите од овој портал ако нема докази дека истите навистина се направени од вооружените сили на САД и може да ги предложат таквите слики за бришење.