Ризница:Википроект
Jump to navigation
Jump to search
Википроект (WikiProject) е проект за работа на дадена тема или семејство теми во рамките на еден Викимедиин проект. Се состои до збир страници и група уредници кои на нив соработуваат по дадена задача. Ова не е место за непосредно создавање содржини, туку како место за организирање на создавањето и одржувањето на такви содржини. Список на сите википроекти на Ризницата ќе најдете на Category:Commons WikiProjects.
Секој проект има разговорна страница која служи за дискусии меѓу учесниците во проектот.
ЧПП
- П1: Како да се приклучам на википроект?Највеќето википроекти имаат список на членови. Просто внесете си го името, и зачленети сте! Побарајте сознанија за тековните задачи од друг член или на разговорната страница, и видете како можете да помогнете.
- П2: Дали секој може да стапи во википроект?Да. Секој што е заинтересиран за даден проект може слободно да му се приклучи. Ако станете неактивни, препорачуваме привремено да се отстраните од списокот, за да не ве контактираат кога не можете да одговорите на бараното.
- П3: Нели „википроектите“ би требало да се проекти на „википедиите“, а не на Ризницата?Не. „Википроект“ е мошне распространет поим на сите Викимедиини проекти и се однесува на соработка помеѓу уредници на вики, а не дадена википедија. Ризницата исто така е вики.
- П4: Како да започнам нов проект, или да предложам затворање на стар неактивен проект?Засега не постои формален процес за ова на Ризницата. Ваквите нешта обично ги дискутираме на Commons:Village pump/Proposals.