Ризница/Слика на годината/2022/Порака

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of a page Commons:Picture of the Year/2022/Message and the translation is 100% complete. Changes to the translation template, respectively the source language can be submitted through Commons:Picture of the Year/2022/Message and have to be approved by a translation administrator.

Започна I круг од натпреварот „Слика на годината 2022“!

Слика на годината 2021: Црквата „Св. Јован“ во Сохрол, Иран.

Драги викимедијанци,

Ризницата со задоволство ве известува дека започна натпреварот „Слика на годината 2022“. Оваа година го одржуваме седумнаесеттото издание на овој напревар кој има за цел да им оддаде признание на извонредните придонеси на корисници на Ризницата. Корисниците се покануваат да гласаат за нивните омилени слики прогласени за избрани во текот на минатата година (2022) за да дојдеме до една Слика на годината.

Меѓународната заедница на Ризницата во текот на изминатата година има прогласено стотици слики за избрани и сите тие учествуваат во натпреварот. Тука спаѓаат професионални фотографии од животни и растенија, воодушевувачки панорами, реставрирани стари слики од историско значење, извонредни архитектонски знаменитости, впечатливи портрети и многу друго.

За позгоден преглед, сликите ги распоредивме во тематски категории. Гласањето ќе биде во два круга: Во првиот круг можете да гласате за неограничен број слики. Севкупно најуспешните 30 и двете најпопуларни слики од секоја категорија ќе прејдат во финалето. Во овој последен круг се гласа за само три слики, со цел да ја добиеме Сликата на годината.

I круг завршува на UTC.

Стиснете тука за да гласате!

Благодариме,
одборот за „Слика на годината“

Поракава ја добивате бидејќи гласавте на натпреварот за „Слика на годината 2022“.