File:Afrkar.png

From Wikimedia Commons, the free media repository
Jump to navigation Jump to search

Original file(605 × 630 pixels, file size: 212 KB, MIME type: image/png)

Captions

Captions

Add a one-line explanation of what this file represents

Summary

[edit]
Description
Македонски: По Азија, Африка е вториот најголем и најнаселен континент. Со 30,2 милиони км2, вклучувајќи и соседни острови, тој покрива 6% од целосната површина на Земјата и 20,4% од целосната копнена површина. Со билион луѓе на 61 територија, таа вбројува околу 14,72% од светското население.

Континентот е обиколен од Средоземното Море на север, Суецкиот Канал и Црвеното Море долж Синајскиот Полуостров на североисток, Индискиот Океан на југоисток и Атлантскиот Океан на запад. Континентот има 54 суверени држави, вклучувајќи ги Мадагаскар, неколку групи на острови и Шарави Арапска Демократска Република, земја-членка на Африканската Унија, чија државност ја оспорува Мароко. Научната заедница длабоко ја почитува Африка, особено централно-источниот дел на Африка, бидејќи се смета дека од неа потекнуваат луѓето и Hominidae clade (човеколики мајмуни), како докажа истражувањето на најраните хоминиди и нивните предци, како и на оние кои датираат од пред околу седум милиони години, бклучувајќи ги Sahelanthropus tchadensis, Australopithecus africanis, A. Afarensis, Homo erectus, H. habilis , H. ergaster и најраниот Хомо сапиенс (денешен човек), кој е пронајден во Етиопија и датира од пред околу 200.000 години. Африка поминува низ екваторот, со што вклучува повеќе климатски зони. Таа е единствениот континент кој се протега од северно-умерените до јужно-умерените зони. Очекуваната економска стапка на пораст на Африка е околу 5,0% за 2010 и 5,5% во 2011 година. Етимологија Афри беше името на неколку семитски луѓе кои беа населени во Северна Африка близу Картагина (денешен Tунис). Нивното име се поврзува со феникиското aфар, што значи ,,прашина”, но хипотезата од 1981 тврдеше дека името произлегува од берберскиот збор ифри или Ифран, што значи ,,пештера”, упатувајќи на луѓе кои живеат во пештера. Африка или Ифри или Афер е име на Бану Ифран од Алжир и Триполитаниа (племето Бербер од Јафран). Под римското владеење, Картагина стана главен град на покраината Африка, која го вклучуваше и крајбрежниот дел на денешна Либија. Римската наставка ,,-ка” значи ,,држава или земја”. Подоцнежното Муслиманско кралство Ифрикија, денешен Тунис, има сочувано форма од името. Историја Праисторија Повеќето палеоантрополози сметаат дека Африка е најстарата населена територија на Земјата, со човечки видови кои потекнуваат од континентот. Во текот на средината на XX век, антрополозите открија многу фосили и докази од човечко населување пред 7 милиони години.Се мисли дека фосилните остатоци од неколку видови на рани човеколики мајмуни се развиле во современ човек, на пример Australopithecus afarensis (датира приближно од пред 3.9-3.0 милиони години п.н.е.), Paranthropus boisei (околу 2.3-1.4 милиони години п.н.е) и Homo ergaster (околу 1.9 милиони-600.000 години п.н.е) Во праисторијата на човештвото, Африка (како сите други континенти) немала народни држави и била населена од групи на ловци и собирачи на плодови, на пример Кои и Сан. На крајот од Леденото Доба, околу 10.500 година п.н.е, Сахара повторно стана зелена плодна долина и африканското население од внатрешноста и крајбрежните планински предели се врати во суб-сахарска Африка. Сепак, поради топлата и сува клима, областа на Сахара до 5000 година п.н.е стануваше посува и непријателска. Населението од областа на Сахара премина кон долината на Нил под вториот водопад, каде што направи трајни или полутрајни населби. Се случи голема климатска промена, со што се намалија силните постојани дождови во Централна и Источна Африка. Од тогаш преовладува сушен период во Источна Африка, но во последните 200 години и во Етиопија. Населението во Африка припитомуваше говеда уште пред да се занимава со земјоделство, но истовремено ловеше и собираше плодови. Се мисли дека до 6000 година п.н.е, во Северна Африка говедата веќе биле припитомени. Во областа помеѓу Сахара и Нил, луѓето припитомија многу видови на животни, на пример магаре и мала коза со извртени рогови, која беше вообичаена од Aлжир до Нубија. Во 4000 година п.н.е климата во Сахара со многу брзо темпо стануваше се посува. Оваа климатска промена предизвика значително намалување на водата во езерата и реките и го предизвика создавањето на пустина. Ова, понатаму, го намали бројот на обработлива почва во населбите и предизвика преселби на земјоделските заедници кон тропската клима на Западна Африка. До првиот милениум п.н.е во Северна Африка беше започната обработката на железо и преку Сахара се прошири до северните делови на суб-сахарска Африка, додека до 500 година п.н.р обработката на метал стана вообичаена во Западна Африка. До 500 година п.н.е во многу делови на Источна и Западна Африка обработката на железо беше вообичаена, иако населението од другите области не почна со обработката на железо се до раните векови од новата ера. Во Северна Африка, Нубија и Етиопија беа ископани бакарни предмети кои датираат од околу 500 години п.н.е, и кои укажуваат дека до тоа време биле воспоставени транс-сахарски трговски мрежи. Рани цивилизации Во 3300 година п.н.е во Северна Африка, со појавувањето на писменоста во фараонската цивилизација на древен Египет, се отвори историски запис. Се до 343 година п.н.е Египетската држава, која ги има едни од најстарите и долготрајни цивилизации, продолжи да влијае брз други делови, така што египетското влијание допре длабоко до денешна Либија, северно до Крит и Ханаан,и јужно до кралството Аксум и Нубија. Феникијците од Тир од северно-западниот крајбрежен дел на Африка на Картагина, основаа независен центар на цивилизација со трговски врски до Феникија. Европското истражување на Африка беше започнато со Старите Грци и Римјани. Во 332 година п.н.е Александар Македноски беше добредојден како ослободител во перскиски окупираниот Египет. Во Египет тој ја основа Александрија, која по неговата смрт ќе стане напреден главен град на Птоломејската династија. Откако Римското Царство го освои Средоземното крајбрежје на Северна Африка, римјаните ја присвоија областа во својот систем. Тие направија римска населба во денешен Тунис и на други места долж крајбрежјето. Христијанството се рашири во овие области од Палестина преку Египет, поминувајќи јужно, надвор од границите на Рим, во Нубија, и најдоцна до VI век и во Етиопија. На почетокот на VII век, новосоздадениот арапско-исламски калифат се прошири во Египет, а потоа во Северна Африка. Накратко додека локалната берберска елита беше составен дел од муслиманските арапски племиња. Кога Омајадска ,главниот град на Дамаск, влезе во осмиот век, исламскиот центар на Средоземјето се премести од Сирија во Кајраван во Северна Африка. Исламска Северна Африка стана поинаква, прерасна во центар на мистичари, ученици, правници и филозофи. За време на VIII век, Исламот се прошири до суб-сахарска Африка, главно преку трговија и преселба. IX-XVIII век Пред колонијализацијата Африка поседуваше повеќе од 10.000 различни држави и државни уредувања,кои се карактеризираа со повеќе видови на политичка организација и владеење. Овие држави и државни уредувања вклучуваа мали семејни групи од ловци и собирачи на плодови, на пример Сан луѓето од Северна Африка, потоа поголеми групи, на пример групирањата на семејни кланови од луѓето кои го зборуваат банту јазикот во централно-јужниот дел на Африка, потоа групи составени од кланови во Рогот на Африка , големите Сахелијански кралства и независни градови-држави и кралства како оние на луѓето на Јоруба во Северна Африка и Свахили крајбрежните трговски градови во Источна Африка. До IX век од новата ера, низа од династички земји од западните предели, вклучувајќи ги Ханса земјите, се проширија долж суб-сахарската савана до централен Судан. Најмоќни од овие држави беа Гана,Гао и царството Канем-Борну. Во XI век Гана ослабна, но ја превзема царството Мали, кое во XIII век зајакна голем дел од западниот дел на Судан.Канем го прифати Исламот во XI век. Во шумските предели на крајбрежјето на Западна Африка, со малку влијание од муслиманскиот северен дел, се развиваа независни кралства.Рпи Кралството на Игбо беше едно од првите кралства кое се основа околу IX век. Ова кралство е исто така и едно од најстарите кралства во денешна Нигерија, во кое владееше Езе Рпи. Кралството Рпи е познато по обработката на бронза, која е пронајдена во градот Игбо Укву. Бронзата датира поназад од IX век. Ифе, историски прво од овие Јоруба градови-држави или кралства, создаде владеење со свет oба (oба значи ,,крал” или ,,владетел” во јазикот Јоруба), наречен Оони на Ифе.Ифе беше познат како главен верски и културен центар во Африка и поради неговата единствена натуралистичка традиција на бронзена скулптура. Обликот на владеење на Ифе се приспособи со оној на Ојо, каде што неговите обас или кралеви, наречени Алефини на Ојо, некогаш контролираа голем број на други Јоруба и не Јоруба градови-држави и кралства, фон Кралството на Дахомеј беше една од не Јоруба областите под контрола на Ојо. Алморавидите беа берберска династија од Сахара, кои за време на XI век се распространија во голем дел на северо-западниот дел на Африка и Иберскиот Полуостров. Бану Хилал и Бану Маџил беа збир од арапски бедуински племиња од Арабскиот Полуостров, кои помеѓу XI и XIII век мигрираа западно преку Египет. Преселбата резултираше со соединување на Арапи и Бербери, каде што локалното население беше арапизирано, додека арапската култура прими елементи од локалната култура, со основа од Исламот. По распадот на Мали, локален лидер, наречен Сони Али (1464-1492), го основа царството Сонгаи во областа на централниот дел на Нигер и западниот дел на Судан и презема контрола врз транс-сахарската трговија. Сони Али го присвои Тимбукту во 1468 и Јене во 1473, градејќи свој режим врз трговските приходи и врз соработката со муслиманските трговци. Неговиот наследник, Аскиа Мухамед I (1493-1528), го направи Исламот службена религија, изгради џамии и донесе муслимански ученици, вклучувајќи го ал-Маџили(1504 ), основачот на значајна традиција на муслиманско учење во суданска Африка, во Гао. До XI век некои Хауса држави, на пример Кано, Јигава, Катсина и Гобир, прераснаа во градови со ѕидови привлечни за трговија, вршејќи услуги на каравани и произведувајќи продукти. Се до XV век овие мали држави беа под суданско владеење и плаќаа данок од Сонгаи на запад до Канем Борно на исток. Достигнување во трговијата со робови Ропството беше долго време присутно во Африка. Помеѓу VII и XX век, арапската трговија со робови (позната како и ропство на Истокот)преку Сахара и Индискиот Океан, зема 18 милиони робови од Африка. Помеѓу XV и XIX век (500 години), атлантската трговија со робови зема проценети 7-12 милиони робови во Новиот свет. Во Западна Африка, намалувањето на атлантската трговија со робови во 1820-ите предизвика драматични економски промени во локалните државни уредувања. Постепеното намалување на тргувањето со робови, предизвикано од недостаток на побарувачка на робови во Новиот свет, со зголемено анти-робовско законодавство во Европа и Америка, и со зголеменото присуство на Британската Кралска Морнарица на крајбрежјето на Западна Африка, ги обврза африканските држави да присвојат нови економии. Помеѓу 1808 и 1860 година, Британската Западно-Африканска Ескадрила заплени приближно 1.600 робовски бродови и ослободи 150.000 Африканци кои се наоѓаа надвор од земјата. Се покрена акција против африканските лидери кои одбиваа да се согласат со британските договори за прогласување на трговијата надвор од законот, на пример против ,,узурпирање на Кралот на Лагос”, кој беше симнат од престолот во 1851. Преку 50 африкански владетели ги потпишаа анти-робовските договори. Најголемите сили на Западна Африка: Конфедерацијата Асанте, Кралството на Дахомеј и Царството Ојо , присвоија разни начини на присбособување на промената. Асанте и Дахомеј се концентрираа на развојот на ,,законска трговија” во форма на маслена палма, какао, дрва за градежништво и злато, така што го создадоа темелот на денешната извозна трговија на Западна Африка. Царството Ојо, неможејќи да се приспособи, западна во граѓански војни. Колонијализмот и ,,Борбата за Африка” Кон крајот на XIX век, европските владеачки сили се окупираа со главна борба за територија и окупираа поголем дел од континентот, со тоа што создадоа многу колонијални територии и оставија само две потполно независни држави: Етиопија (кај европејците позната како ,,Абисинија”) и Либерија. Египет и Судан не беа официјално вклучени во некое од европското колонијално владеење; сепак, по британската окупација во 1882, Египет беше делотворно под британско владеење се до 1922. Берлинска Конференција Берлинската Конференција се одржа во 1884-85 година и претставуваше значаен настан во иднината на политиката на африканските етнички групи. Кралот на Белгија, Леополд II, ја свика оваа конференција и на неа присуствуваа европските сили кои бараа право врз африканските територии. На конференцијата се бараше европските сили да стават крај на Борбата за Африка со тоа што ќе се согласат за политичка поделба и сфери на влијание. Тие политички го составија планот на поделба на континентот по сфери на интерес, кои сеуште постојат во Африка. Борби за независност Владеачкото право на европскиот народ ќе продложи се до завршувањето на Втората Светска Војна, кога речиси сите останати колонијални територии постепено официјално стануваа независни. Движењата за независност во Африка земаа замав по Втората Светска Војна, која ги ослабна главните европски сили. Во 1956 година, Тунис и Мароко ја добија својата независност од Франција. Гана го следеше нивниот пример, станувајќи прва ослободена колонија од суб-сахарските колонии. Повеќето од останатите територии на континентот станаа независни во текот на наредната деценија. Португалското прекуокеанско присуство во суб-сахарска Африка (особено во Ангола, Зелено’ртските Острови, Мозамбик, Гвинеја-Бисао, Сан Томе и Принсипе ) траеше од XVI век до 1975, откако во Лисабон со воен државен удар беше срушен режимот на Естадо Ново. Во 1980 година Зимбабве ја доби својата независност од Обединетото Кралство, по горката герилска војна помеѓу црните националисти и белото малцинство Родесиан, со кое владееше Иан Смит. Иако Јужна Африка беше една од првите африкански држави која доби независност, се до 1994 таа остана под контрола на белото малцинство на државата преку систем од расно одвојување, познато како апартхејд. Пост-колонијална Африка Денес, Африка има 54 суверени држави, од кои повеќето сеуште ги имаат границите зацртани за време на европскиот колонијализам. Од колинијализмот, нестабилноста, корупцијата, насилството и авторитарианизмот им пречат на африканските држави. Повеќето од африкансите држави се републики кои работат според некоја форма на претседателскиот систем на владеење. Сепак, наместо тоа, некои од нив кружат во серии на државни удари, правејќи воени диктатури. Големата нестабилност главно беше резултат на маргинализацијата на етничките групи и беше создадена од лидерите на тие етнички групи. За политички профит, многу лидери ги заладија етничките судири кои беа влошени, или дури создадени, од колонијално владеење. Во многу земји, војската беше единствената група која можеше делотворно да го зачува редот, и таа управуваше со многу народи во Африка за време на 1970-ите и раните 1980-ти. За време на периодот од раните 1960-ти до 1980-ите, во Африка имаше повеќе од 70 државни удари и 13 претседателски атентати. Поради тоа што Европа им наметна граници на многу народи,кои предизвикуваа вооружани судири, беа вообичаени граничните и територијалните несогласувања. Судирите во Студената Војна помеѓу Соединетите Држави и Советскиот Сојуз, како и политиките на Меѓународниот Монетарен Фонд, исто така играа улога во нестабилноста. Кога една земја за прв пат ќе станеше независна, се очекуваше од неа да се согласи со една од двете суперслили. Многу земји во Северна Африка добија советска воена помош, додека многу други во Централна и Северна Африка беа поддржани од Соединетите Држави, од Франција или од двете. Во 1970-ите се случи ескалација, кога ново-независните држави Ангола и Мозамбик се согласија со Советскиот Сојуз, додека Западна и Северна Африка, со основање на бунтовнички движења, побараа вклучување на советско влијание. Во Етиопија имаше голем глад, кога гладуваа стотици илјадници луѓе. Некои тврдат дека марксистичкo-советските политики ја направиле ситуацијата полоша. Најразорниот воен судир во денешна независна Африка беше Втората Војна во Конго. До 2008 година, во овој судир беа убиени 5,4 милиони луѓе. Од 2003 година имаше непрекинат судир во Дарфур кој прерасна во хуманитарна катастрофа. СИДАта исто така беше распространет проблем во Африка по колонијализацијата. Географија Африка е најголемата од трите големи јужни проекции од најголемата маса на Земјата. Одделена од Европа со Средоземното Море, таа е споена со Азија кај нејзиниот североисточен краен дел со Истмусот на Суец (поврзан преку Суецкиот Канал), кој е широк 163 км (101 милја). (Геополитички,се смета дека египетскиот Синајски Полуостров источно од Суецкиот Канал е дел од Африка). Од најсеверната точка, Рас бен Сака во Тунис (37⁰21’C), до најјужната точка, Капе Агулас (34⁰51’15’’J) во Јужна Африка, растојанието е приближно 8.000 км (5.000 милји), од Зелено’ртските Острови (17⁰33’22’’З),најзападната точка, до Рас Хафун (51⁰27’52’’И) во Сомалија,најисточната проекција , растојанието е приближно 7.400 км (4.600 милји). Крајбрежната линија е долга 26.000 км (16.100 милји), и отсуството на длабоки порамнувања на брегот е претставено со фактот дека Европа, која покрива 10.400.000 км2 (4.010.000 квадратни милји)-околу третина од површината на Африка- има крајбрежна линија долга 32.000 км (19.800 милји). Најголема земја во Африка е Судан, додека најмала се Сејшелите, архипелаг на источниот брег. Земја со најмал број на население е Гамбија. Според старите Римјани, Африка на запад се протега до Египет, додека поимот ,,Азија” се донесува на Анадолија и земјите на исток. Географичарот Птоломеј(85-165 од новата ера) нацрта крајна линија помеѓу двата континента, укажувајќи дека Александрија се наоѓа долж првиот меридијан и правејќи го истмусот на Суец и Црвеното Море за гранична линија момеѓу Азија и Африка. Како што европјаните ја увидоа големината на континентот, идејата за Африка се прошири со нивното знаење. Геолошки, Африка го вклучува Арабискиот Полуостров,додека планините Загрос во Иран и Анадолската Висорамнина во Турција означуваат каде Африканската Плоча се судира со Евроазија. Африканската тропска еко-зона и Сахарско-Арапската пустина биогеографички ја обединуваат северната област, додека Афро-Азијатското јазично семејство ја обединуваат на јазично поле. Клима Климата на Африка се движи од тропска до субарктичка на нејзините највисоки предели. Нејзината северна половина е првенствено пустина или неплодна област, додека нејзините централни и јужни делови имаат и савански рамнини и многу густи џунгли (дождовни шуми). Помеѓу нив, се наоѓа долина, каде што доминираат вегетациски видови,како на пример сахел и степски видови. Фауна Африка може да се пофали со тоа што е најгусто населен континент со разновидни диви животни, со популација од големи месојадни животни (лавови, хиени и гепарди) и тревопасни животни (бизони, елени, слонови, камили и жирафи) кои живеат слободно на рамниците. Таа е исто така дом на разновидни животни кои живеат во џунглите, вклучувајќи змии, примати и воден свет, како на пример крокодили и водоземци. Африка исто така имаше најголем број на видови на мегафауна, додека не беше помалку погодена од изумирањето на плеистоцената мегафауна. Екологија Според Програмата за Животна Средина на Соединетите Држави (United Nations Environment Programme-UNEP), уништувањето на шумите секако ја погодува Африка. Некои извори тврдат дека уништувањето на шумите веќе има избришано околу 90% од шумите на Западна Африка. Од населувањето на луѓето пред 2000 години, Мадагаскар има изгубено повеќе од 90% од шумите. Околу 65% од обработливата земја страда од деградација на почвата. Јазици Според повеќе проценки, во Африка се зборуваат преку илјада јазици (УНЕСКО процени околу двеилјади). Повеќето од нив потекнуваат од Африка, но некои потекнуваат од Европа или Азија. Африка е најголемиот повеќејазичен континент во светот и не е ретко оддлени личности да зборуваат течно не само повеќе африкански јазици, туку и еден или повеќе европски јазици. Има четири семејства на мајчини јазици во Африка: • Афро-азијатските јазици се јазично семејство со околу 240 јазици и 285 милиони луѓе кои го зборуваат овој јазик распространети во Рогот на Африка, Северна Африка, Сахел и Југозападна Африка. • Нилско-сахарското јазично семејство содржи повеќе од сто јазици кои ги зборуваат 30 милиони луѓе. Нилско-сахарските јазици ги зборуваат Нулотските племиња во Чад, Етиопија, Кенија, Судан, Уганда и северниот дел на Танзанија. • Нигер-Конго јазичното семејство покрива поголем дел од суб-сахарска Африка и е најверојатно најголемото јазично семејство во светот во светло на другите јазици. • Коисан јазиците вбројуваат околу педесет јазици и ги зборуваат 120.000 луѓе во Северна Африка. Многу од Коисан јазиците се загрозени. Kои и Сан луѓето се сметаат за први населеници во овој северниот дел на Африка. По крајот на колонијализмот, речиси сите африкански земји присвоија службени јазици кои потекнуваа надвор од континентот, иако неколку земји добија законско признавање на мајчините јазици ( Свахили ,Јоруба, Игбо и Хауса). Во голем број земји, англискиот и францускиот јазик се користат за комуникација во јавната сфера, како на пример во владата, трговијата, образованието и медиумите. Арапски, португалски, африкански, малагашки и шпански јазик претставуваат примери за јазици кои го следат своето потекло надвор од Африка, и кои денес ги користат милиони африканци, и во јавните и во приватните сфери. Италијанскиот јазик се зборува во некои од поранешните италијански колонии во Африка. Пред Првата Светска Војна,и германскиот јазик се употребуваше во некои области. Култура Некои аспекти на традиционалните африкански култури помалку се применуваа во последниве години како резултат на годините на запоставување и потиснување од страна на колонијалните и поколинијалните режими. Сега има обиди за повторно откривање и оживување на африканските традиционални култури, со разни движења како Африканската Ренесанса, кое го водеше Табо Мбеки, Афроцентризамот, кое го водеа група на ученици, вклучувајќи го Молефи Асанте, како и признавањето на традиционалната духовност преку декриминализацијата на Вуду и други духовни форми. Во последниве години, традиционалната африканска култура стана синоним на руралната сиромаштија и земјоделскиот живот. Музика и танци Египет долго време беше културен центар на арапскиот свет, додека сеќавањето на ритамот на суб-сахарска Африка, особено на Западна Африка, се пренесуваше преку атлантската трговија со робови со денешните самба, блуз, џез, реге, хип хоп и рок. Во периодот од 1950-ите до 1970-ите,со популаризацијата на aфробит и хајлајф (Afrobeat and Highlife), имаше маса од овие различни стилови. Модерната музика на континентот вклучува многу сложено хорско пеење во Јужна Африка и ритамот на танцот на музичкиот стил соукос (soukous) , кој доминираше во музиката на Демократска Република Конго. Домашните музички традиции на танцување на Африка се задржани преку усната традиција и тие се многу слични со музичките стилови на Северна и Јужна Африка. Арапските влијанија можат да се видат во музиката и танците на Северна Африка, додека во Јужна Африка, поради колонизацијата, видни се западните влијанија. Религија

Африканците имаат разновидни религиски верувања и многу е тешко да се направат статистики за религиските врски, бидејќи тие се премногу чувствителна тема за владите со мешовито население. Според Светската Енциклопедија (World Book Encyclopedia), Исламот е најраспространетата религија во Африка, по која следи Христијанството. Според Енциклопедија Британика (Encyclopedia Britannica) , 45% од населението се муслимани, 40% се христијани и помалку од 15% ги следат традиционалните африкански религии. Мал број на африканци се Хиндуисти, Бахаи , или превземале верувања од јудејската традиција. Има и африкански Евреи, како на пример луѓето од Бета Израел, Лемба и Aбајудаја од Источна Уганда. Има и малцинство на Африканци кои не се религиозни.
Date
Source Own work
Author Anajordanoska

Licensing

[edit]
Public domain I, the copyright holder of this work, release this work into the public domain. This applies worldwide.
In some countries this may not be legally possible; if so:
I grant anyone the right to use this work for any purpose, without any conditions, unless such conditions are required by law.

Африка

Original upload log

[edit]
Date/Time Dimensions User Comment
20 December 2010, 14:55:45 605 × 630 (178026 bytes) Anajordanoska (talk · contribs) {{Information |Description={{mk|1=По Азија, Африка е вториот најголем и најнаселен континент. Со 30,2 милиони км2, вклучувајќи и соседни острови, тој покрива 6

File history

Click on a date/time to view the file as it appeared at that time.

Date/TimeThumbnailDimensionsUserComment
current15:59, 10 August 2014Thumbnail for version as of 15:59, 10 August 2014605 × 630 (212 KB)GifTagger (talk | contribs)Bot: Converting file to superior PNG file. (Source: Afrkar.gif). This GIF was problematic due to non-greyscale color table.

The following page uses this file:

File usage on other wikis

The following other wikis use this file: